Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВработените се вратија во демолираното Собрание, седница не е закажана

Вработените се вратија во демолираното Собрание, седница не е закажана

Сите вработени во Собранието се на работа, изјави за „Мета“, советникот за односи со јавноста во Собранието, Тодор Пендаров.

Од Собранието информираа дека по вчерашните случувања во зградата, причинета е материјална штета. Дел од работните простории, прес-центарот, како и салата „Македонија“ се надвор од употреба.

„Во согласност со законската регулатива, надлежните институции преземаат чекори за ставање во функција на истите и за утврдување на штетата. Се прават напори за враќање во првобитната состојба во најкус рок, со што ќе се создадат услови за работа на Собранието. Со оглед на тоа, денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието закажано за 11 часот, нема да се одржи и за продолжението дополнително ќе бидете известени“, информираат од Собранието.