Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНападите кон новинари – инспирација за сатирата на Дамовски

Нападите кон новинари – инспирација за сатирата на Дамовски

Еден од креаторите на „Еднооки“, Борис Дамовски, инспирацијата за својот хумор очигледно ја наоѓа во настаните кои можеа да имаат далеку посериозни последици. Имено, во последната епизода на сатиричната анимирана серија, претставен е нападот со јарбол од знаме врз новинарот на Телевизија 24, Христијан Баневски, кој за среќа помина без потешки повреди. Иако анимираниот лик во серијата нема никаква сличност со Баневски, од она што е претставено и дијалогот помеѓу двата други ликови во сцената, јасно е за што станува збор. Ударот со знамето е претставен на 1:35 на видеото подолу.

Во меѓувреме не престануваат ниту јавните преписки помеѓу Дамовски и новинарот. Баневски по инцидентот повеќе не известува од протестите, нешто што Дамовски очигледно го забележал и на својот фејсбук профил го повика новинарот да се појави на организираните маршеви од Владата кон Собранието.

sasa

Повеќе од јасно е дека организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ не ги сфаќаат сериозно настаните кои можеа да предизвикаат тешки повреди и сериозни последици, со оглед на фактот што и самите неколкупати истакнаа дека нема да преземат одговорност за нападите врз новинарите.

Претходно на истите протести брутално беа претепани новинарот и снимателот на порталот А1он, кои заршија во ургентниот центар со мали потреси на мозокот.