Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНапад врз конвој сириски бегалци – најмалку 39 мртви

Напад врз конвој сириски бегалци – најмалку 39 мртви

Најмалку 39 лица загинаа при самоубиствен напад со автомобил-бомба, кој е извршен денеска во близина на конвој автобуси, со кои се превезувале евакуирани Сиријци, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права. Бомбата експлодирала во бунтовничкиот кварт Рашидин, во западниот дел на Алепо. Целта на нападот биле автобусите, кои треба да превезат 5.000 лица, кои вчера беа евакуирани од Фуа и Кафраја, две села чии жители се приврзаници на сирискиот режим. Тие се наоѓаат во североисточниот дел на Сирија и се опколени од бунтовниците.