Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНадал: ,, Ќе се вратам, но морам да се променам”

Надал: ,, Ќе се вратам, но морам да се променам”

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, изјави дека годината која помина била доста тешка за него, но дека веќе работи напорно и ќе даде се од себе да се врати на врвот.

Надал изјави дека се чувствувал многу тешко минатата година и дека тоа било голем проблем за него, но тој е сигурен дека тоа е минато бидејќи вели дека сега ужива во тенисот како во најдобрите денови.

,,Се чувсвтував многу уморно кога играв и тренирав во првите шест месеци. Да бидам искрен патев оваа година, но во последно време уживам во тенисот и не сум загрижен поради мојата игра. Морам да се променам, најважно е да бидам истиот тенисер од пред една година”- изјави Надал, кој своевремено беше и на самиот врв на тениската ATP листа.