Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКвардадо се враќа во Јуве, заминува стандарден првотимец?!

Квардадо се враќа во Јуве, заминува стандарден првотимец?!

Хуан Квардадо уште денес би можел да се врати во редовите на „Старата дама“, иако се зборуваше дека Колумбиецот би можел да се бори за место меѓу почетните 11 кај Конте, сепак тој сам сака да остане на позајмица во Торино. Се споменуваше и Милан како негова можна дестинација, но според последните шпекулации неговиот агент Лучи во овие моменти е во Лондон каде го завршува договор за негова нова позајмица во Јувентус во вредност од околу 4 милиони евра.

Ова најверојатно значи заминување за долгогодишниот десен бек на Јуве Стефан Лихштајнер. Швајцарецот е пет години во Торино, освои исто толку титулу, сепак се очекува Дани Алвеш да добие шанса пред него, а доколку се врати и Квардадо тогаш тој ќе биде „вишок“ во тимот на Алегри. Тој се надева на повик од Челси каде за својата позиција би се борел со Ивановиќ, а има понуди и од Германија, односно од Дортмунд, Менхенгладбах и Шалке.