Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНа виделина ќе излезат сите закани и притисоци врз судот за предмети на СЈО

На виделина ќе излезат сите закани и притисоци врз судот за предмети на СЈО

Подолго време се шпекулира дека судиите трпат огромни притисоци од страна на политичкиот фактор за да не постапуваат по предметите кои ги води СЈО. Собрани разни докази за притисоци врз судии со наложување како да постапуваат по барањата на Специјалното јавно обвинителство, а наскоро ќе посведочат кој и како ја опструирал неговата работата и како го компромитирал судот.

Дојче Веле дознава дека меѓу доказите имало дури и писмени инструкции, во кои било наведено како треба да гласи судската одлука. Според информациите, дефинитивно се стега обрачот околу лице/лица во судството, кои наместо да се залагаат за независно постапување на судиите, најдиректно спроведувале политички нарачки, со цел да заштитат некои од лицата осомничени во предметите на СЈО.

sjo2

„Не мора да сте судија, за да знаете што се случува во однос на некои предмети, a во кои се инволвирани звучни имиња. Некои одлуки целосно ги демаскираат состојбите и навестуваат ‘од каде дувал ветрот’. Но, не ќе може до бесконечност да се вршат такви влијанија. Веројатно, ова се последните грчевити обиди за нечија заштита и за купување време, односно пролонгирање на состојбите“, велат во судски кругови. Тие немаат дилема по прашањето од која „адреса“ во Судот доаѓаат налозите и притисоците.

Очигледно е дека ќе се води голема политичка но, и правна битка за предметите на Катица Јанева за кои власта тврди дека се нарачани од СДСМ и дека судот донел одлука за домашен притвор на градоначалникот Талески откако партијата и поднесе кривична пријава на судијката во постапката. Од друга страна пак, опозицијата е најгласна во критиките против ВМРО-ДПМНЕ за вршење на притисоци врз судиите и целосна опструкција на работата на СЈО директно од државните институции.