Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНа пат за Европа две мигрантки се породија во Скопје

На пат за Европа две мигрантки се породија во Скопје

Денес на гинекологија во Скопје се породени две мигрантки, од Авганистан и Сирија. Тие донесоа две машки здрави деца, а лекарскиот тим им ја укажал целата потребна помош. Претходно во гевгелиската болница дури пет жени од Сирија го дочекаа моментот на породувања. Децата според македонските прописи нема да добијат македонско државјанство врз принципот на раѓање на одредена територија, бидејќи кај нас важи крвната врска, односно се добива државјанство по родителите. Родилките и нивните бебенца откако ќе бидат подготвени ќе го продолжат својот пат кон Европа.