Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРоманка заглави во снег, па ја породуваа во противпожарна кола

Романка заглави во снег, па ја породуваа во противпожарна кола

Неверојатно породување е изведено во Романија, откако жена заглавила во снегот, па морало на помош да доаѓа противпожарната служба во чија кола и всушност е донесено на свет нејзиното бебе.

Потпаролката за Службата на вонредни состојби од романскиот град Јаши, Силвија Болохан соопшти дека при породувањето на жената и помагала медицинска сестра вработена во локалната Брза помош, која исто така, останала заглавена на патот.

Болохан соопшти дека мајката и бебето се добро и дека набрзо по породувањето биле префрлени во болницата во Јаши.

Делови на Романија деновиве се зафатени од вистински зимски услови при што температурата во некои реони се спушти и до минус два степени.