Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНа Исток ништо ново – Партијата на Путин убедливо победи на изборите

На Исток ништо ново – Партијата на Путин убедливо победи на изборите

Единствена Русија која е предводена од рускиот претседател Владимир Путин убедливо победи на парламентарните избори кои се одржаа вчера со што уште еднаш си ја цементираше апсолутната власт во земјата, без голем простор за пресврт на опозицијата иако со помал број на освоени пратеници во однос на 2001-та.

Според излезната анкета на институтот ВЦИОМ Единствена Русија освоила 44,5 отсто од гласовите, Либерално демократската партија (ЛДПР) од крајната десница освоила 15,3 отсто, што е за 4 процентни поени подобро од пред пет години, а Комунистичката партија на Русија освоила 14,9 отсто што е помалку за 5 отсто. На четврто место е Справедлива Русија со 8,1 отсто од гласовите.

Кандидатите на Единствена Русија бројно надмоќно водат и во трката за другата половина од местата во Државната дума, долниот дом на русикот парламент. Имено ова се први избори кои ќе се одржат според новиот изборен систем, кој стапи на сила во 2014 година. Половината од 450-те пратеници се избираат преку партиски листи, а другата половина непосредно.