Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАНа ,,Ало докторе" најмногу повици поради висок притисок и дијабет

На ,,Ало докторе" најмногу повици поради висок притисок и дијабет

На телефонската линија 02/15123 за медицински совети „Ало докторе“ од 15 септември, кога почна да работи, до вчера имало 46.500 повици.

Здравствен дом Скопје соопшти дека минатата недела на линијата за медицински совет се јавиле 1.013 лица.

Јавувањата во последната седмица се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, стомачен вирус, совети за убоди од инсекти  и симптом на болка.

Најчесто се јавуваат граѓани за совети поврзани  со терапијата  која ја примаат за хроничните  болести, висок крвен притисок и дијабет.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.