Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР распишана меѓународна потерница за Грујевски и Бошковски

МВР распишана меѓународна потерница за Грујевски и Бошковски

Распишана е меѓународна потерница за поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски и разузнавачот на УБК Никола Бошковски соопшти МВР. Во нивното соопштение е наведено дека причина за распишување на меѓународната потерница е што обвинетите не се пронајдени на локациите за кои имале оперативни сознанија дека можат да го користат за криење. Полицијата ги барала со неколку тимови на адресите кои им асе пријавени како живеалишта и тоа во Скопје а подоцна и во Велес и Охрид. МВР тврди дека налозите за приведување ги добиле доцна во вечерта, откако попладнето во 17 часот телефонски биле известени дека наредбите ќе бидат наскоро испратени.

Ваквиот развој на настаните следеше откако десетина дена се чекаше да стане правосилна одлуката за притвор. Петчлениот совет на Врховниот суд вчера донесе решенија со кои се одбиени жалбите на Грујевски и Бошковски, односно ги потврди решенијата на Апелациониот суд за определување мерка притвор за двајцата во траење од 30 дена.

Сподели: