Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСудот во Солун ќе расправа за екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски

Судот во Солун ќе расправа за екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски

Во судот во Солун треба да се одржи рочиште за барањето од македонските власти за екстрадиција на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Тие се обвинети во случајот „Таргет- Тврдина“. Двајцата се во притвор во близина на Солун.

На Грујевски и Бошкоски им се суди и за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на Солунскиот аеродром, при обидот да заминат за Будимпешта. Тоа е одвоено од постапката за екстрадиција. Судењето двапати беше одложувано бидејќи судот не можеше да обезбеди преведувач.