Saturday, May 11, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМВР продолжува со спроведување на акцијата „Ќелија“

МВР продолжува со спроведување на акцијата „Ќелија“

Министерството за внатрешни работи продолжи со спроведување на акцијата „Ќелија“ која се однесува на лица осомничени за учество во странски војски и паравоени формации.

Според првичните информации, изминатиов период уапсени се 5 македонски државјани во Турција и истите и се испорачани на Македонија.

Осомничените, на кои неофицијално им е одреден притвор, се од Скопје и Куманово.

Детали за продолжувањето на акцијата и дејствието на осомничените ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција.