Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев не сака да коментира судски одлуки

Заев не сака да коментира судски одлуки

Целта на средбата кај претседателот Иванов беше нормализација на политичките процеси во државата затоа што имаше реакција од страна на граѓаните поради постапките предводени од обвинителството и од судовите поврзани со настаните од 27 април, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Не би сакал да ги коментирам судските одлуки. Јас се посветувам на политичкиот аспект затоа што сум политичар и верувам дека во Македонија владеење на правото мора да има, но истовремено мораме сите да бидеме внимателни заради перспективите на државата. Македонија е исправена пред сериозни процеси и реформи, верувам дека ќе изнајдеме решение преку разговор со политичките субјекти – рече Заев.

Премиерот истакна дека на средбата се разговарало отворено и дека средбите ќе продолжат. Тој потенцираше дека во постапките не очекува ништо повеќе ниту ништо помалку од почитувањето на Уставот и законите.