Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМВР откри 44 мигранти во српски камион

МВР откри 44 мигранти во српски камион

Над четириесет нелегални мигранти од земји од Блискиот и Среден исток се откриени утрово во српско товарно возило во правец на северниот граничен премин Табановце, информираше МВР.

Полициските службеници утрово околу 4,15 часот на автопатот автопатот Куманово-Табановце, во близина на граничниот премин со Србија, откако забележале паркирано товарно возило „фиат дукато“ со српски национални ознаки кое имало издишана гума се упатиле кон него. Притоа лицето кое го управувало возилото, веднаш се дало во бегство.

При контрола во просторот за товар, пронајдени се вкупно 44 мигранти од Авганистан, Сирија и Пакистан. Лицата се приведени во СВР-Куманово за натамошна постапка, информираат од МВР.