Thursday, May 2, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМурињо: На лето ќе ја знаете мојата следна дестинација

Мурињо: На лето ќе ја знаете мојата следна дестинација

Getty Images

Португалскиот фудбалски тренер Жозе Мурињо изјави дека е речиси 100 отсто сигурен дека за време на летото ќе и се врати на својата работа како тренер. Мурињо во средината на декември доби отказ во Челси после лошите резултати и од тогаш постојано се шпекулира дека тој ќе го превземе лутиот ривал на клубот од Лондон Манчестер Јунајтед. Сепак, неодамна британските медиуми објавија дека Јунајтед ќе го задржи и понатаму на клупата Луј Ван Гал. Како што пренесуваат медиумите, Мурињо изјавил дека мора да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи за него интерес покажале неколку клубови.

„Скоро можам да гарантирам дека на лето ќе и се вратам на тренерската работа. Имам неколку добри понуди. Морам да размислам, треба да ја донесам правилната одлука и да ја спроведам на дело. На лето сите ќе знаат во кој клуб ќе работам. Ќе ги пренесам моите идеи таму каде што треба. Сакам да бидам на место каде ме посакуваат. Сакам одговорно да работам во клуб во тешка лига и таму каде нема лесни задачи. Тоа не ми остава многу опции“, изјави Мурињо.