Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМПЦ-ОА ги одбра владиците за разговори со СПЦ

МПЦ-ОА ги одбра владиците за разговори со СПЦ

МПЦ-ОА на денешната седница на Светиот архиерејски синод ги одбра членовите на Комисијата за разговори со СПЦ кои ќе се обидат по долги години повторно да се седне на маса и можеби овој пат со повеќе потези на добра волја да се најде и решение за црковното прашање. Митрополитите г. Петар, г. Тимотеј и г. Наум се назначени како членови на оваа комисија, а епископот Хераклејски г. Климент ќе биде секретар.

Иницијативата за продолжување на разговорите меѓу двете цркви претходно беше и задолжена со давањето милост на разрешениот владика Јован по препорака на Руската црква. Оттогаш поминаа неколку месеци, а на заедничка маса се уште не седнаа, па оваа динамика можеби сега ќе се забрза меѓу МПЦ-ОА и СПЦ.