Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаМосква во ритамот на воената музика

Москва во ритамот на воената музика

Престолнината на Русија, до 6 септември ќе живее во ритамот кој ќе и го даваат воените оркестри! На седмиот меѓународен фестивал на воени оркестри и национална музика учествуваат вкупно 12 земји. Фестивалот го носи називот „Спаска Кука“, а меѓу земјите учесници се и Русија, Грција и Сингапур.

Овој фестивал се смета за еден од трите најголеми вакви фестивали во светот. Манифестацијата започнала со минута молчење за жртвите од неодамнешниот земјотрес во Италија. Атрактивната програма на отворањето привлекла 7.500 посетители. Поминувачите и посетителите сведочат дека фестивалот бил неверојатен, им се допаѓало тоа што бројот на оркестри постојано се зголемува, а програмата ја процениле како „магична“.

Во Русија вкупно се собрале 22 оркестри кои во наредните денови ќе ги прикажат своите вештини, а од нив 12 оркестри се од Русија.

Moskva 2

„На сите ни се допадна изведувањето на оркестрите. Мојата внука посетува музичко училиште и пд секогаш и зборував дека не е лесно да се биде музичар. Сите членови на оркестарот се толку усогласени што дури делува дека има само еден изведувач“, вели една воодушевена жителка на Москва.

Moskva 3