Море од „бебешки“ сини очи во Hitachi Seaside паркот во Јапонија
Hitachi Seaside е еден од најголемите паркови во Јапонија, а е екстра популарен кога ќе процветаат 4.5 милиони цвеќиња од видот немофилија нагалено наречени „бебешки“ сини очи како главна атракција за туристите.
Во Hitachi Seaside паркот секој август се одржува и фестивалот Rock in Japan, а има голем број на разновидни видови на цветови, патеки за велосипедизам и Панорамско тркало.