Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМомче загина во сообраќајка во Охрид

Момче загина во сообраќајка во Охрид

Дваесет и шест годишно момче утринава го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила на улицата „Питу Гули“ околу 5:30 часот.

Од полицијата информираат дека Д.Ј. управувајќи автомобил „Форд Мондео“ изгубил контрола над возилото и удрил во дрво, при што починал на лице место. Во автомобилот бил сам.

Полицијата во моментов врши увид на местото на несреќата, по што ќе бидат познати повеќе детали.