Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМолотов коктел фрлен во угостителски објект во Тетово

Молотов коктел фрлен во угостителски објект во Тетово

Утрово, околу 4.30 часот, две непознати лица го искршиле изложното стакло и фрлиле молотов коктел во угостителски објект во Тетово, информираат од МВР.

Случајот бил пријавен од очевидец, а екипа на тетовската противпожарна бригада го изгаснала пожарот, во кој биле оштетени неколку маси и столови во објектот, лоциран на крстосницата од улиците ЈНА и Јане Сандански.

Полициските екипи кои извршиле увид, во близина на местото пронашле уште едно шише со течност, чекан и тесла.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.