Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМНР не знае за настрадани Македонци, девојка од Гостивар била во трговскиот

МНР не знае за настрадани Македонци, девојка од Гостивар била во трговскиот

Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичкиот напад во Минхен, Сојузна Република Германија. Воедно, Министерството за надворешни работи ве известува дека е во постојан контакт со надлежните институции во Германија и до овој момент, нема информации за повредени или загинати македонски државјани, соопштија од Министерството.

MNR

На порталот koha.net се појави информација дека жена од Гостивар била загрижена за нејзината ќерка која работи во трговскиот центар во Минхен каде се одвиваше пукањето, а косовските медиуми побрзаа да заклучат дека Албанката е една од жртвите.

Властите во покраината Баварија и федералните германски власти не даваат информации за идентитетот на загинатите и повредените во нападот во Минхен, но според организациите на Македонците во Германија, како што јави дописникот на МИА од Берлин, засега нема сознанија за македонски граѓани меѓу настраданите во терористичкиот напад.

За повеќе информации од МНР ги даваат следните адреси:

Генерален конзулат на Република Македонија во Минхен, СР Германија

Лице за контакт: Блерта Сали

Мобилен телефон: +491 763 063 50 87
Адреса: Brienner Straße 56, 80333 München
Е-пошта: munich@mfa.gov.mk