Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР: Јакимовски изнесувал лични предмети

МВР: Јакимовски изнесувал лични предмети

„Врз основа на допрен глас дека од просториите на општина Карпош се изнесува документација на општината, од страна на полициски службеници од СВР Скопје е излезено на лице место, при што е констатирано дека во моментот на проверката не се изнесува никаква документација. Од извршениот разговор со градоначалникот Стевчо Јакимовски утврдено е дека истиот се подготвувал за изнесување на личните предмети од сопствениот кабинет со цел подготвување за примопредавање на функцијата. Бидејќи не е потврдено сознанието и постоење на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“ од член 280 од КЗ на РМ, поради кое СВР постапувало. По обавениот разговор полицијата се повлекле од лице место“, информираат од МВР, откако полициски екипи денеска влегоа во општината и извршија претрес по пријава дека се изнесувале кутии со службени документи од кабинетот на се уште актуелниот градоначалник.

Јакимовски претходно на прес пред општината ја потврди информацијата.

„Пакувањето тврдам било апсолутно неселективно затоа што јас таму имам мои лични предмети, благодарници на лично име. Нормално е дека треба да се одвои она што е на Општината од она што е на мое лично име, како што се документи, фотографии, кои претставуваат лични предмети, лични подароци, затоа што овде сум бил осум ипол години“, изјави Јакимовски пред новинари.