Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаМладите кошаркари поразени, шансите за полуфинале реални

Младите кошаркари поразени, шансите за полуфинале реални

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија беше за прв пат поразена на Европското првенство од домаќинот Унгарија со 54:63 на стартот на четвртфиналната фаза во групата Ц. Натпреварот беше решен во полза на Унгарија поради подобрата ефикасност на шут, како и големиот број на дури 22 технички грешки на македонските младинци. Следниот натпревар кој го играат против Шведска ќе биде решавачки за пласман во полуфинале, а со тоа и можност за избивање во А дивизијата во Европа.