Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМицкоски: Добивме држава во која мафијата се пресметува со шипки

Мицкоски: Добивме држава во која мафијата се пресметува со шипки

Христијан Мицкоски го осуди нападот врз политичкиот активист и бизнисмен Љупчо Палевски велејќи дека се знаат нарачателите на претепувањето и веднаш треба да следи реакција на државните органи.

– Да не се залажуваме, власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на крвавиот напад врз Љупчо Палевски, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Наместо Европска Македонија, добиваме држава во која мафијата со неистомислениците се пресметува со тупаници и шипки. Ако владата не го расветли инцидентот во најбрз можен рок, тогаш народот треба да знае како да се самозаштити во иднина“, порача Мицкоски.