Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМицкоски барал вонреден конгрес, Јанушев повеќе не е ген-сек

Мицкоски барал вонреден конгрес, Јанушев повеќе не е ген-сек

Христијан Мицкоски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ побарал одржување на вонреден Конгрес, но раководството на партијата преку Централниот комитет го одбило ова барање. Мицкоски на прес-конференција истакна дека со ваквата одлука и по три години на чело на партијата добива целосен легитимитет да ја води и понатаму.

Главни промени во партиските органи се тоа што Игор Јанушев повеќе нема да биде генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, според како што кажа Мицкоски лични причини, но ќе остане и натаму да дава придонес во партијата.

Избран е и нов состав на Извршниот комитет во кој покрај тие што членуваат по сила на функциите кои ги имаат, влегуваат и многу нови политички имиња, дел од нив активни и за време на парламентарните избори како Рашела Мизрахи и полковникот Драган Ковачки.

Нови членови на ИК на ВМРО ДПМНЕ се Александар Николовски, Владо Мисајловски, Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриевска- Кочоска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Влатко Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонијо Милошоски.