Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАДосие XМистерија која се уште ги мачи научниците

Мистерија која се уште ги мачи научниците

Научниците се уште ги мачи мистеријата за Англискиот воен брод Лондон кој натоварен со топови и барут пловел по Темза во 1665 година за да се бори во Англискиот канал против Холанѓаните. Но, бродот никогаш не дошол до целта, а 300 војници засекогаш исчезнаа во дното на морето.

Денес, 350 години по последната пловидба, археолозите се подготвуваат да го обноват судбоносниот предмет од остатоците кои би можеле да откријат што се случило со бродот во неговите последни моменти на пловење и поради што дошло до експлозија.

Во операцијата која е закажана за 12 август, нуркачите планираат да ја извлечат совршено сочувана дрвена топовска кола која е единствен дел од поморската опрема пронајдена на потонатиот брод.

– Станува збор за подморска локација од големо историско значење, бидејќи остатоци од потонати бродови во 17-от век се исклучително ретки. Ова е единствен пример од потонатиот брод кој на некој начин ја преживеа експлозијата, односно, од која нешто и останало, рече Чарлс Тролоп, историчар на оружје за Индипендент.

Воениот брод Лондон имал 76 топови, а бил изграден за морнарицата на Оливер Кромвел. Топовската кола ќе ја извлекуваат нукрачите со кран од 20 тони, а тоа ќе биде најголема поморска археолошка операција во Велика Британија во последните две децении.