Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМинистерот Ивановски ја напушта функцијата – ќе стане директор на М-тел Бугарија

Министерот Ивановски ја напушта функцијата – ќе стане директор на М-тел Бугарија

Иво Ивановски, министерот за администрација и информатика, ја напушта функцијата во Владата за да биде извршен директор на М-тел Бугарија. Ивановски за сега официјално само го најави неговото заминување од кабинетот на Груевски, а веста за неговото преминување во меѓународната приватна компанија М-тел е неофицијална. Оваа компанија неодамна целосно ја купи Близу од Македонија.

Ивановски беше во тимот на Груевски од 2006-та година кој за одредени проекти беше критикуван, а за други имаше пофалби. Негов контроверзен проект беше ,,Комјутер за секое дете,, заради нетранспарентноста околу бројот на набавените комјутери како и за нивното лошо одржување. Пофалбите одеа на сметка на обезбедувањето на широко појасен интернет за домаќинствата и фирмите низ цела Македонија.