Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМинистер за еден ден: Андонов си поднесе оставка

Министер за еден ден: Андонов си поднесе оставка

Оливер Андонов, човекот кој вчера беше избран за министер за внатрешни работи, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, денеска си поднесе оставка од функцијата.

Оставката ја доставил до Владата и премиерот Емил Димитриев, а во образложението се вели дека ја поднесува поради организирањето предвремени избори, објави Нова.

„Собранието на РМ на предлог на претседателот на Владата, сто дена пред денот на одржувањето на изборите за пратеници во Собранието меѓу другото избира и министер за внатрешни работи. Со оглед на наведеното, а во насока на имплементација на наведената законска одредба, поднесувам оставка на функцијата министер за внатрешни работи“ , вели Андонов.

ostavka Andonov