Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМијалков не сака ист адвокат со Груевски – наместо Додевски го избра Шврговски

Мијалков не сака ист адвокат со Груевски – наместо Додевски го избра Шврговски

Поранешниот државен обивнител Љупчо Шврговски влегува како бранител во неколку предмети на СЈО и тоа за предметите „Таргет“, „Тврдина“, „Трезор“ и „Тортура“, односно ќе биде адвокат на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, потврди Шврговски за Телма.

Одбраната на обвинетите од СЈО ќе се збогатува и со други познати адвокатски имиња. Засега никој официјално не ги потврдува информациите дека Никола Додевски, кој досега ги застапуваше речиси сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ, повеќе нема да биде бранител на дел од осомничените во предметите на СЈО. Додевски досега во сите случаи го застапуваше поранешниот премиер Никола Груевски, кој се уште е на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

„Талир“ и „Таргет“ се дел од истрагите кои деновиве ги привршува СЈО и се повикуваат сведоци и осомничени на распит.

Екс генералниот секретер на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски денеска по втор пат ги извиси обвинителите на СЈО и не дојде на распит за предметот поврзан со незаконското финансирање на партијата.