Friday, May 3, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМихтарјан сака во Јунајтед, Борусија не му дозволува

Михтарјан сака во Јунајтед, Борусија не му дозволува

Хенрих Михтарјан полека но сигурно станува актер на една нова долга летна трансфер сага, во која тој е цел на Манчестер Јунајтед, но Борусија Дортмунд не е спремна да го пушти да оди таму. Агентот на ерменскиот фудбалер Мино Раиола смета дека тоа е „единствена прилика“, но Борусија е таа која не сака да го продаде иако има уште само една година од договорот.

„Преговаравме четири месеци со Михтарјан во врска со нов договор. Знаеме дека нема да го продолжи, никогаш не планиравме да не напушти порано, интензивно ја разгледавме можноста за негов трансфер и заклучивме дека ќе остане во Борусија и следната сезона“, изјави директорот на Борусија Дортмунд. Меѓутоа, агентот на фудбалерот Раиола, кој е агент на уште една желба на Јунајтед Златан Ибрахимовиќ, смета дека тоа е погрешна одлука.

Михтарјан

„Михтарјан со месеци им кажуваше дека постои можност за време на летниот трансфер период да го напушти клубот. Борусија ни даде понуда која ја одбивме, но сега се плаши од сопствените навивачи. Му рекоа на Михтарјан дека може да си замине од клубот како слободен играч на крајот од следната сезона. Тоа е многу лоша одлука. Јунајтед е единствена прилика, Михтарјан сака да оди таму“, изјави неговиот агент Раиола.