Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМемети: Граѓаните не се должни незаконски да ја финансираат МРТ!

Мемети: Граѓаните не се должни незаконски да ја финансираат МРТ!

Голем број на граѓани се сомневаат дека се неосноавно и незаконски задолжени да плаќаат радиодифузна такса, која често присилно им се наплатува или им се блокираат сметките.

За да ја докажат неправилноста, граѓаните прават трошоци, губат време и енергија во обид да покажат дека таксата е платена, дека живеат во едно семејство или користат социјална помош.

Грубото кршење на граѓанските права е последица на лошата комуникација помеѓу УЈП и МРТ како и лошиот пристап во формирањето на Регистарот на обврзници за РДТ, и неговото несоодетно и ненавремено ажурирање, ова беа само дел од укажувањата на народниот правобраните Иџет Мемети.

“Управата за јавни упорно го информира Народниот правобранител дека на граѓаните на кои противзаконито им се земени парите истите ќе ги врати, но под услов МРТВ да донесе одлука за отпис на долговите. Затоа упатувам јавна критика до раководствот на МРТ кое со години не донесува одлука за отпис на долговиите”, рече Мемети.

Ставот на Народниот правобранител е дека “граѓаните во никој случај не се должни на незаконски начин да го финансираат работењето на Македонската радио телевизија”.
“Наместо да изврши отпис, да се корегира и да им ги врати незаконски земените пари, од неодамна МРТ ги упатува граѓаните за овие решенија да поднесуваат жалби, преку УЈП до Министерството за финансии, иако рокот за тоа е изминат. Граѓаните во тој случај со месеци чекаат жалбата да им биде решена, само за да дознаат дека истата им е отфрлена како ненавремена”, посочи Мемети, истакнувајќи дека е апсурдно што радиодифузната такса месечно изнесува 190 денари, а задолжителната такса за жалба е 250 денари.

Народниот правобранител до Собранието на РМ и Владата доставил посебен извештај во кој се состојат предлог конкретни мерки по ова прашање.

Во 2013та година до Народниот правобранител биле доставени над 100 поплаки од граѓани за заштита на нивните права, додека минатата година тој број бил зголемен за 4 проценти, а годинава дури за 100 отсто.


Н.С