Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМемеди: Ако платформата е противуставна притворете не

Мемеди: Ако платформата е противуставна притворете не

Пратеникот Весел Мемеди од Алијансата за Албанците денеска од собраниската говорница им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека слободно можат да ги притворат ако декларацијата на албанските партии е противуставна, а не да бараат нови избори.

„Ниту вие  ниту вашите бетмени да не ја бранат државата. Вие што помалку ја браните Македонија тоа подобро, помалку шамари ќе добие државата. Ако декларацијата е против уставна, го нарушува суверенитетот на државата тогаш треба да покренете постапка и да нè затворите, а не овде да не држите. Наместо да го направите ова, вие барате нови избори“ – рече Мемеди.