Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМехмети: Не дај Боже сега и албански парамилитарни структури да се судрат на улиците

Мехмети: Не дај Боже сега и албански парамилитарни структури да се судрат на улиците

Албанците во Македонија се свесни и политички зрели за своите ставови да ги бранат институционално и преку избраните претставници, наместо да ги искажуваат преку разни форми на граѓанска непослушност – изјави поранешната пратеничка Ермира Мехмети гостувајќи во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат М.

Објаснува дека ваквата зрелост на Албанците ја отфрла можноста тие да излезат на насилни протести, и додека дека не сакаат федерализација на Македонија.

„Фактот што денес можеме да калкулираме математички со ново парламентарно мнозинство во кое се опфатени сите политички партии на Албанците, јас мислам дека не говори за загрозување на интегритетот како што претендира ВМРО ДПМНЕ, туку зборува за одредба за зачувување на интегритетот. Затоа што, спротивно на ова би било анархија. Замислете сега доколку и Албанците би излегле на протести и би се организирале исто така албански парамилитарни структури на теренот и кога би се судриле тие некаде на некоја крстосница, ние можеме само да кажеме „Не дај Боже да се случи таква ситуација“- рече Мехмети.

Мехмети повтори дека Албанците не сакаат немири, ниту пак федерализација како што тоа се прикажува во јавноста.

Политичарите од албанскиот блок неколкупати претходно повторуваа дека нема обиди за федерализација, но сепак протестите на „За заедничка Македонија“ продолжуваат.