Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВучиќ и Мекејн во Белград разговарале за состојбата во Македонија, се плашат од судири

Вучиќ и Мекејн во Белград разговарале за состојбата во Македонија, се плашат од судири

Српскиот премиер Александар Вучиќ и американскиот сенатор Џон Мекејн на средбата во Белград денеска разговарале за ситуацијата во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Вучиќ се надевал дека работите во Македонија ќе се одвиваат мирно и со почитување на македонските закони.

„За нас тоа е од големо значење, бидејќи ако не се задоволни Албанците, може да имаме проблем на југот на Србија. Ако имаат меѓусебни македонски судири, што никој не ги сака, ќе има големи и тешки последици. Да не зборувам дека тоа би довело до несигурност и до повлекување на инвеститорите“, изјавил Вучиќ на заедничката прес-конференција.

Тој додал дека поради тоа, зачувувањето на стабилноста и на мирот на Западен Балкан е од пресудно значење за регионот. Мекејн истакнал дека сè што се случува во Источна Европа е од витално значење за безбедноста на САД и дека не смее да се дозволи да се случи нешто, со што може да се влоши состојбата во регионот.

Освен за регионот, Вучиќ и Мекејн разговарале и за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, европскиот пат на Србија и за билатералната соработка помеѓу Србија и САД.