Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКрвави судири со Курдите во Југоисточна Турција

Крвави судири со Курдите во Југоисточна Турција

Турската армија влезе во серија на престрелки со курдските бунтовници предводени од илегалната Работничка партија при што има најмалку 8 загинати турски војници, како и 5 припадници на спротивната страна.

Курдските бунтовници ја преземаа одговорноста за убиството на членот на AKP, Ахмет Будак, истакнувајќи дека тоа е предупредување за Курдите во владејачката партија која ја обвинуваат за „расизам и маскари“ во мнозинскиот курдски југоисток на Турција.

РКК ги засили герилските и терористичките акции со атентати и речиси секојдневно бомбардирање на воени, но и на цивилни цели, а судирот се заострува откако Ердоган реши поагресивно да ја активира армијата со цел да им нанесе големи загуби на бунтовничките единици кои се борат за независен Курдистан, а лансираше и офанзива во соседна Сирија за да не дојде до спојување на курдските вооружени групи.