Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМеѓународната федерација на новинари бара итно ослободување на новинарот Божиновски

Меѓународната федерација на новинари бара итно ослободување на новинарот Божиновски

Меѓународната федерација на новинари побара итно и безусловно ослободување од затвор на новинарот Зоран Божиновски. Во писмо упатено до македонскиот претседател и јавен обвинител, генералниот секретар и претседателот на федерацијата, го осудиле неговото апсење и притворање.

„Апсење новинар за криминални активности без докази е неприфатливо во слободни и демократски земји, таквите обвинувања придонесуваат за дискредитација на новинарите како предавници и криминалци и ја уништуваат довербата на јавноста во нив. Божиновски објави многу стории со факти за вклученост на функционери во криминални активности. Веруваме дека единствената причина за неговото апсење е за да биде спречен да објавува нови текстови“, стои во писмото од Меѓународната федерација на новинари.