Friday, Apr 26, 2024
HomeUncategorizedМаж со моторна пила нападнал пет лица во Швајцарија

Маж со моторна пила нападнал пет лица во Швајцарија

Најмалку пет лица се повредени, од кои две потешко, откако маж со моторна пила нападна луѓе во северниот швајцарски град Шафхаузен.

Полицијата засега не открива детали за нападот, но локалните медиуми јавуваат дека полициските сили во центарот на градот спроведуваат операции за „специјални ситуации“.

Портпаролот на полицијата во Шафхаузен потврди дека операцијата е во тек, но одби да даде какви било детали, пренесува веб-страницата „Локал“.

Сопственик на продавници од тој дел на градот за швајцарски „Блиц“ изјавил дека маж со моторна пила се шетал по улиците и дека пешаците и жителите од тој дел биле замолени да ги напуштат продавниците и становите.

На социјалните медиуми се појавија слики на кои се гледа како лекари им пружаат помош на повредените.