Saturday, May 4, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМата прерано ја заврши сезоната!

Мата прерано ја заврши сезоната!

Жозе Мурињо е во голема неволја за остатокот од сезоната и месецот на одлука.

Хуан Мата ја заврши сезоната по повредата каде ќе мора да оди на операција и се очекува до крајот на оваа сезона тој да одсуствува од фудбалските терени. Иако тој не беше во плановите на Мурињо на почетокот, Мата прерасна во една од подобрите играчи кај “ѓаволите” па ова сигурно ќе биде голем хендикеп. Мата даде десет гола и шест асистенции.

Во составот ќе го нема и неколку недели Пол Погба кој се повреди на репрезентативниот натпревар за Франција.