Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМаскиран разбојник со пиштол си ја „пробал“ среќата во казино

Маскиран разбојник со пиштол си ја „пробал“ среќата во казино

Куќата не секогаш добива, особено ако „играчот“ е вооружен со пиштол. Маскиран разбојник во саботата влегол во казино на улицата „Наум Наумовски Борче“ и на вработените им наредил да му ја испразнат касата по што побегнал со пленот од околу 50 илјади денари . МВР работи на расветлување на случајот и сеуште нема осомничен за кражбата.