Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМАПАС ќе ја контролира продажбата на НЛБ- Нов пензиски фонд

МАПАС ќе ја контролира продажбата на НЛБ- Нов пензиски фонд

Продажбата на акционерскиот капитал на НЛБ- Нов пензиски фонд ќе се одвива под целосна контрола на МАПАС, согласно македонското законодавство и процесот нема да влијае на функционирањето на пензиското друштво, ниту пак на пензиските фондови со кои тоа управува, соопшти Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Истовремено од МАПАС нагласуваат дека НЛБ- Нов пензиски фонд ќе продолжи да ги извршува своите функции во согласност со законската регулатива и во најдобар интерес на членовите на пензиските фондови со кои управува.

Словенечката НЛБ банка и нејзината фирма ќерка НЛБ банка од Скопје во петокот соопштија дека почнуваат постапка за продажба на 100% од акционерскиот капитал на Нов пензиски фонд, друштво кое управува со два пензиски фонда во земјава, вредни 370 милиони евра.