Мапа: Следете го движењето на невремето во живо
Во моментов појако невреме има во општина Росоман и општина Градско, како и северозападно од Радовиш, соопшти УХМР.
Најмногу грмежи има во делот меѓу Скопје и Велес. На мапата која се абдејтува во живо можете да забележите дека невремето со силни електрични празнења поминало во регионот околу Кавадарци. Како се движат грмежи во живо следете тука.