Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМакрон и Ле Пен главни фаворите на изборите во Франција

Макрон и Ле Пен главни фаворите на изборите во Франција

Како што се очекуваше Марин Ле Пен од ултра десницата и Емануел Макрон од крајната левица се двајцата кандидати кои ги исполнија условите за влез во вториот круг на претседателските избори во Франција.

Според првите неофицијални резултатите од досега најнеизвесните претседателски избори во Франција, соопштени веднаш по затворањето на сите гласачки места во дваесет часот,  како победник го даваат Емануел Макрон, кандидатот на „Во движење“ со 23,7 отсто од гласовите, јавува дописникот на МИА од Париз.

Втора е Марин Ле Пен, од крајно десниот Национален Фронт со 21,7 отсто од гласовите. Ова се неофицијални резултати, но речиси сите иниститути и медиуми ги даваат истите резултати.

Франсоа Фијон и Жан-Лук Меланшон добија по 19,5 отсто од гласовите, додека кандидатот на социјалистите Беноа Хамон е далеку, со само 6,5 отсто на гласовите, што претставува најкатастрофален резултат на еден кандидат на Социјалистичката партија, која е на власт од 2012 година.

Излезеноста на изборите е околу 77 отсто, односно пред гласачките кутии не се појавија 23 отсто од гласачите, што е повеќе во споредба со 2012 година, кога 18,63 отсто од избирачите апстинираа.