Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМакедонци уапсени во Србија со полна перница екстази

Македонци уапсени во Србија со полна перница екстази

Во автобус со швајцарски регистарски таблички, српската полиција на граничниот премин Харгош, заплени 519 грама опојни дроги сокриени во перница. Автобусот патувал на релација Прешево-Келн.

Купишта од зелени и бели таблети уредно спаковани во два пакети. Пакетите биле скриени во перница несомнително сместена во просторот за личен багаж во патничкиот простор на автобусот.
droga-pernica-640x426
Сопствениците на екстазите се државјани на Република Македонија, станува збор за лицето А.Ф (51) и А.А (26) се уапсени и задржани во полицијата, по што со кривична пријава ќе бидат спроведени на Вишото јавно обвинителство во Суботица.