Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМакедонскиот репрезентативец Ристовски пред голем трансфер во Португалија?!

Македонскиот репрезентативец Ристовски пред голем трансфер во Португалија?!

Португалските медиуми утринава пренесоа трансфер „бомба“ што се однесува до мак-фудбалот. Стефан Ристовски е пред трансфер во португалскиот гигант Спортинг Лисабон! Веста ја пренесе угледниот португалски весник „А Бола“, а истата ја проследија и сите останати медиуми од оваа принејска земја.Португалците веќе одреден период го пратат Стефан кој ги задоволил нивните вкусови, односно скаутите му го препорачале на тренерот Жорге Жесус.

Меѓутоа Спортинг не е единствената екипа која пројавува интерес за него, бидејќи во игра е и грчки Панатинаикос. Овие две понуди се секако примамливи за нашиот репрезентативец кој треба допрва да реши дали ќе каже „да“ за некој од овие проекти или пак ќе почека уште некоја понуда на негова адреса.