Sunday, Apr 28, 2024
HomeГИГА БАЈТГејмингМакедонски Телеком ве поканува на незаборавна Pokemon авантура на плоштад Македонија

Македонски Телеком ве поканува на незаборавна Pokemon авантура на плоштад Македонија

Најпопуларната игра на сите времиња, PokѐmonGO стана неверојатен феномен со милиони Андроид и iOS корисници и целосно го освои светот на гејмерите.

Недела, 18 септември е празник за сите Pokѐmon ентузијасти. Од 18:30 часот на градскиот плоштад Македонија, Македонски Телеком им овозможува незаборавна авантура во живона сите локални Pokѐmon трагачи и ги поканува на масовна Gym битка.

Настанот е од отворен карактер, а учесниците ќе имаат можност да разменуваат искуства, да се забавуваат со добра музика и игри и да се натпреваруваат за Lenovo смартфони или таблети.

„Сите сме сѐ уште опседнати и фасцинирани од PokѐmonGo чудесијата и јас играв за да можам да им ги пренесам на сите најдобрите трикови и совети како да извлечат најмногу од оваа заразна мобилна игра. Дојдете на плоштадот Македонија во недела, на 18 септември во 18:30 часот и ќе ви раскажам како можете да ги фатите најдобрите, дали ќе се појават ретките примероци и како најлесно и најбрзо да добиете вредни награди. Дојдете со желба за лов, расположение и мобилни телефони со полна батерија“ – изјави Гораст Цветковски, домаќин на настанот.

Ако сте и вие зафатени со Pokѐmon треската, дојдете в недела иучествувајте во Pokѐmon потрагата на најдобрата мобилна мрежа.

Ви посакуваме успешен лов!