Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометМакедонската ракометна репрезентација доби огромна конкуренција за потпис на Симиќ!

Македонската ракометна репрезентација доби огромна конкуренција за потпис на Симиќ!

24-годишниот голман Небојша Симиќ кој се откажа од репрезантацијата на Црна Гора е главна мета на Македонската репрезентација која има проблем на голманските позиции да го придобие овој интернационален голман во своите редови. Во конкуренција на Македонија се придружи и селекцијата на Словенија но тој одма на дементираше таквата поврзаност, но денес пристигна нова понуда за негов ангажман и тоа од Катар.

Останува да се види каде Симиќ ќе одбере да ја продолжи својата кариера, но Катар, изгледа како најреална опција од стана на финансиски причини, се разбира. Небојша Симиќ може да биде четвртиот играч кој би играл за Катар од репрезентацијата на Црна Гора, досега тоа го направија Жарко Марковиќ, Горан Стојановиќ и Јово Дамјановиќ.

Поранешниот голман на Црна Гора го има облечено последен пат дресот на својата репрезентација во 2014 год со тоа тој има право веќе после 3 месеци да го облече дресот на било која репрезентација и да настапува за неа.