Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонската граница привремено затворена за мигрантите

Македонската граница привремено затворена за мигрантите

Приемот на бегалци привремено е запрен на македонско-грчката граница. Од вчера не се препуштаат бегалци на македонска територија. Македонија и земјите од Балканската рута одлучија да го редуцираат приемот на бегалци, откако Словенија ги извести дека има дефект на железничката пруга на меѓународната железничка линија.

Во транзитниот центар Винојуг има околу 300 бегалци кои втор ден чекаат да тргнат кон север. Од Центарот за управување со кризи велат дека засега не се очекува голем бран бегалци кои би останале заглавени на границите или на грчка територија бидејќи e најавен штрајк на грчките поморски работници.