Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМакедонска партија ќе се трка на српските избори

Македонска партија ќе се трка на српските избори

Македонците во Србија формираа партија. Иницијалниот одбор за формирање на Партијата на Македонците во Србија денеска до надлежните институции достави комплетната документација со над 1.000 заверени потписи за регистрирање на партија.

Првата задача на партијата ќе биде учество на претстојните парламентарни избори во Србија со цел афирмација на македонското национално малцинство кое до сега не беше адекватно застапено во политичкиот живот во Србија и немаше свои претставници во извршната власт, се вели во соопштението.

Основачкото собрание на Партијата на Македонците во Србија се одржа во неделата на 17-ти јануари во хотелот „Москва“ во Белград. Во програмата на партија е наведено дека таа ќе се залага за сочувување и развој на пријателските односи на Србија и Македонија, заштита на интересите на македонското малцинство во Србија, негувањето на културата, традицијата, историјата и јазикот, како и проширување на економската соработка помеѓу двете земји.