Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКога ќе се вратат навивачите на трибините?

Кога ќе се вратат навивачите на трибините?

Пандемијата од Ковид-19 вирусот го промени целокупното општествено живеење. Луѓето се навикнаа да живеат по „нови правила“, согласно мерките на социјална дистанца, носење маски, и редовна дезинфекција. Многу сектори во светски рамки се соочија со невидена криза на своето постоње. Многу гигантски компании, бројат во милијарди евра загуби. Фудбалот како пасија, но и како своевиден бизнис е еден од најголемите губитници поради оваа Корона-пандемија. Празните трибини, немањето публика,  и неизвесноста кога таа ќе се врати на фудбалските стадиони, ги чинеше стотици милиони евра, речеси сите клубови од стариот континент, кој играат во големите лиги. Европската фудбалска унија (УЕФА), одржа видеоконференција со националните асоцијации, на која се разговараше за начинот како да се рестартираат натпреварувањата, но уште поважно, кога да се вратат навивачите на стадионите.Засега нема официјални информации кога би им се дозволило на навивачите да ги „запоседнат“ своите трибини, за по однос на тоа прашање, УЕФА закажа состанок кон средината на месец август.

-„УЕФА и генералните секретари на 55-те наши национални членки се свесни дека е многу важно навивачите да се вратат на стадионите, но ситуацијата во Европа, засега е многу комплицирана. Ние ја следиме соодветно секоја ситуација од земја до земја, и кон средината на месецов планираме нов преглед на состојбата за да видиме дали сегашната одлука за играње на натпревари зад затворени врати, може барем делумно да се промени“, нагласуваат од УЕФА. На овој состанок било дискутирано и за можноста за играње на меѓународните натпревари во септември за кои УЕФА вели дека „ можноста за играње на натпревари на наутрален терен, не смее да се отфрли во оваа фаза“.